Меѓународен состанок на доктори и пациенти за ХАЕ
Меѓународен состанок на доктори и пациенти за ретката болест Хередитарен ангиоедем (ХАЕ) ќе се одржува денеска и утре во Скопје.
На состанокот ќе учествуваат претставници од Албанија, Романија, Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Бугарија, Турција и Македонија. Целта е да се идентификуваат состојбата, потребите и проблемите на пациентите со ХАЕ од регионот, да се дискутира за можностите за терапија, центрите за лекување, како и за можности за едукација на медицинскиот персонал од овие земји.
Како предавачи се поканети докторите од Американскиот центар за ХАЕ, д-р Брус Зуроу и д-р Сандра Кристиансен, кои ќе ги претстават своите искуства од досегашната работа со пациенти заболени од ХАЕ, видовите ХАЕ, работата на Центарот и најновите истражувања за достапни терапии и клинички студии за пациентите со ХАЕ.
Претставниците од различните земји кои го потврдија своето учество ќе ги презентираат бројот на пациенти со ХАЕ, достапните терапии, групите/здруженијата на пациенти, при што се очекува да се формираат контакти и да се разменат искуства со цел подобар квалитет на живот на пациентите со ХАЕ во земјите од ЈИЕ.
Состанокот е инициран и поддржан од меѓународната организација на пациенти ХАЕ и Здружението на пациенти ХАЕ Македонија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот