Меѓународен саем во Солун со обраќање на Мицотакис и со низа протести
Со низа протести, меѓу кои еден и против Договорот од Преспа, со обраќање на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и под силни безбедносни мерки денеска се отвора 84-то издание на Меѓународниот саем во Солун, jави дописничката на МИА од Атина.
Викендов, центарот на економските и политички случувања и вниманието на грчката јавност ќе биде насочено кон Солун, каде што премиерот на Грција, како и секоја година, со традиционалниот говор на отворањето ќе ги открие следните чекори и активности на неговата влада.
Паралелно со отворањето, исто така традиционално, како и секоја година, пред саемот ќе се одржат низа протести. Оваа година, до сега, закажани се најмалку шест собири.
Двата најголеми синдикати на вработените во приватниот и државниот сектор заедно ќе одржат синдикатот протест, синдикатот на Комунистичката партија ќе протестира посебно, а свои собири закажаа и левичарски здруженија, партии и организации, како и анархистички групи.
Одделен протест, преку социјалните мрежи организираат лица кои се против Договорот од Преспа.
За безбедноста ангажирани се над 3000 полицајци, а специјални единици во Солун пристигнаа од грчката престолнина.
Општина Солун, според грчката државна телевизија ЕРТ, ги отстранила кантите за отпадоци и контејнерите од улиците каде што е планирано да поминат демонстрантите, а Здружението на трговци побарало од сопствениците на продавници да преземат превентивни мерки.
На Меѓународниот саем под мотото „Претприемништво, иновации и екстровертност”, што ќе трае до 15 септември, ќе учествуваат 1600 изложувачи, бројка поголема во споредба со лани. Претставници ќе има од 18 земји, а Индија е почесна земја.
Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, кој од вчера е во Солун, денеска ќе одржи средба со претставниците на управниот одбор на саемот, веднаш потоа ќе ги посети штандовите, а во 20 часот по локално време ќе се обрати на свеченото отворање.
Ново на Сител
-
Намален бројот на сообраќајки, прекршоците не стивнуваат
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Меѓувладина седница во Будимпешта – Македонија и Унгарија на иста страна за мир во Украина
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина
-
Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
-
ССМ: Или повисок минималец или генерален штрајк
-
Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор
-
За електронски индекси студентите ќе си почекаат