-->
-->
Меѓународен фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка
-->
Со свечено дефиле на околу двесте фолклористи во колоритни носии земји и автентичните звуци на традиционалните инструменти од седум држави од Балканот и Европа синоќа во Крива Паланка беше отворен Меѓународниот фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“.
На 12. издание кое трае три дена учествуваат фолклорни те ансамбли и културно-уметнички дурштва од Турција, Србија, Бо сна и Херцеговина, Словачка, Белги ја, Бугарија и Македонија.
- По 12-ти пат жителите на Крива Паланка три дена ќе уживаат во програмата на фестивалот кој ја негува традицијата, ги разгирува срцата на Паланчани и сите туристи кои периодов се бројни во нашиот град. Тоа беше и идејата на почетокот кога го основавме фестивалот, од Џојфест и овој тридневен настан да отпочнат празничните денови во пресрет на големите празници Успение на Пресвета Богородица и чествувањето на Свети Јоаким Осоговски, светец–закрилник на Крива Паланка и градот да има убава празнична атмосфера десетина дена, изјави Арсенчо Алексовски, градоначалник на Крива Паланка.
Организатори на Меѓународниот фолклорен фестивал се локалната самоуправа на општина Крива Паланка и Националната установа Центар за култура, Крива Паланка, а настанот е дел од програмата на манифестацијата „Топол културен бран 2016“, поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.
- Сите учесници кои доаѓаат на фестивалот низ годините се и наши драги соработници и пријатели, кои го збогатуваат овој настан со репрезентирањето на нивните клутуролошки придобивки. Фолкорот е богатство кое народот го сочувал во текот на илјадници години, а ние се обидуваме преку ваквите фестивали да го пренесеме во незаборавот на идните поколенија, рече директорот на Националната установа Центар за култура, Александар Рангелов.
Тој додаде дека оваа установа од областа на културата го одржува низ годините фестивалот како манифестација по која не препознаваат ширум светот, а како што нагласи, во рамки на своите дејности, повеќе од 3 децении го негува и фолклорот, зачувувајќи ја традицијата од кривопаланечкито крај, во КУД „8 Октомври“ чиишто членови го отворија фестивалот.
Фестивалската програма продолжува вечерва во 18 часот со свеченото дефиле низ главната улица Свети Јоаким Осоговски, а настапите на фолклорните друштва се на централниот градски плоштад, во 19 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Нема предвремени избори, време е за голема офанзива на секој план, народот сака подобар стандард
-
ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори
-
Мицкоски: Да излеземе масовно на 2 ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок
-
Раст на цените на нафтата
-
Скопјанец нападнат од две лица по расправија со негова колешка во спортска обложувалница
-
Возачката му била одземена во странство, пријавил дека е изгубена - Кривична пријава за лажна изјава
-
Кривична пријава за лице од Гостивар кое ја демнело поранешната партнерка
-
СЗО евакуира 41 дете и 145 придружници од Појасот Газа