Меѓународен ден на спомениците и локалитетите
„Културното наследство и одржливиот туризам“ е тема на годинашното одбележување на Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, кој го одбележуваат националните комитети на ИКОМОС (ICOMOS - International Council on Monuments and Sites) во 108 земји во светот.
Темата е зададена од Обединетите нации согласно со Меѓународната година на ОН на одржлив туризам за развој и во контекст на Агендата 2030 за одржлив развој и одржливи развојни цели.
Како што соопшти ИКОМОС Македонија, Меѓународниот ИКОМОС преку своите национални и меѓународни научни комитети сака да ги поттикне локалните заедници и нивните жители за важноста на културното наследство за нивниот живот, идендитет и општеството, и да ја промовираат грижата за неговата различитост и ранливост и напорите за негова заштита и конзервација.
- Ова е првпат ИКОМОС да ги покани националните и меѓународните научни комитети да ја споделат и зајакнат иницијативата за иновации и тековната најдобра пракса во доменот на културното наследство и одржливиот туризам со своите локални заедници-општини, соопшти ИКОМОС Македонија.
Годинашната тема е важна во контекст на конзервацијата на 21 век. ИКОМОС бил лидер во оваа област во минатото донесувајќи ја својата прва Меѓународна повелба за културен туризам во 1976 година.
- Енормниот пораст на туризмот и особено културниот туризам беше главен фактор за зголемениот обем во формалните и неформалните културни средби. Културната размена е валута на културниот туризам. Културната размена ја зајакнува мирољубивата коегзистенција и никогаш не била поважна во светот опкружен со несигурност. Размената на перцепциите за значењето на културното наследство и неговите вредности за локалното население и посетителите, инцијативите за одржливиот туризам може да го поттикне општетсвото и да го зајакне чувството за местото/локацијата, нивното чувство за самопочит и нивниот идендитет, наведува ИКОМОС.
Светскиот ден на спомениците и локалитетите ИКОМОС Македонија ќе го одбележи во септември годинава со форум на тема „Културното наследство и одржливиот туризам“. Ќе го организира во Берово, кој е град на културата за 2017 година.
Секоја година на 18 април Меѓународниот комитет на ИКОМОС го прославува Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, востановен на 22-та седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1983 година.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Секоја земја која неправедно постапува кон САД ќе биде цел на дополнителни царини
-
Иванова второпласирана на велосипедскиот маратонот во Камбрилс
-
Од 14 април почнува заедничката гранична контрола на граничен премин Долно Блаце-Елез Хан
-
Реакции поради пресудата за Марин Ле Пен
-
Забрана за сообраќај на возила на грчкиот остров Парос поради силното невреме
-
Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна
-
ФФМ отвори постапка поради нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Маск ја осуди одлуката на Францускиот суд против Марин Ле Пен опишувајќи ја пресудата како „злоупотреба на правосудниот систем“