Меѓународен ден на семејството
Со хуманитарниот базар „Хуманост за сите семејства“ на кој ќе се продаваат различни ситни предмети, колачи ... со пораки за сeмејствата изработени од студентите на семејни студии, децата од Француското интернационално училиште „EFIS", како и децата од ПОУ Иднина, денеска во Градскиот парк во Скопје ќе биде одбележан 15 мај - Меѓународниот ден на семејството.
Финансиските средства кои ќе бидат собрани од распродажбата, како што информира организаторот на базарот Институтот за семејни студии при Филозофскиот Факултет - УКИМ, ќе бидат донирани на ПОУ Иднина.
По повод Меѓународниот ден на семејството утре на Филзофскиот факултет ќе се одржи работилница под наслов „Сите семејства се еднакви”, на која децата од француското интернационално училиште „EFIS" ќе цртаат цртежи и ќе пишуваат мисли и поеми на тема „еднакви семејства”, под менторство на студентите од семејни студии.
Изработените цртежи и стихови ќе бидат прикачени во Библиотеката за семејни студии, како изложба по повод Меѓународниот ден на семејството.
Ново на Сител
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија
-
Азески: Господ на помош на тој што ќе донесе милијарда евра
-
Преглед на вестите од светот