Меѓународен ден на архивите - 9 јуни
Во светот и кај нас 9 јуни се одбележува како Меѓународен ден на архивите, ден кога во Париз во 1948 година е формиран Меѓународниот архивски совет, организација посветена на унапредувањето и промовирањетона архивското работење и на заштитата на архивските материјали.
Мотото на Меѓународната недела на архивите, која оваа година се одржува од 9 до 13 јуни 2025 година, е #ArchivesAreAccessible – Archives for Everyone (Архивите се достапни - архиви за сите!).
Од Државниот архив велат дека оваа тема која е избрана преку глобална анкета со учество на повеќе од 300 професионалци, ја истакнува клучната улога на достапноста во архивската дејност.
-Целта е да се поттикне размислување и акција за отворање на архивите кон сите заедници, без разлика на нивната локација, способност или припадност. Во фокусот на светската архивска заедница е прашањето на достапноста на архивските документи и услуги за сите граѓани – без разлика на нивниот социјален статус, образование, возраст, етничка припадност или физички способности, истакнуваат од Државниот архив.
Мотото, како што посочуваат оттаму, ја нагласува улогата на архивите како јавно добро и демократска алатка што овозможува транспарентност, отчетност и заштита на човековите права.
Државниот архив информира дека се вклучува во одбележување на Меѓународниот ден на архивите и Меѓународната недела на архивите со интензивна архивска едукација на ученици и студенти, ги поддржува вредностите на отвореност, професионалност и служба кон јавноста и ја продолжува својата мисија - зачувување, заштита и обезбедување пристап до архивското наследство на државата.
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено