Меѓуминистерската група за стратешко одбранбени документи се запозна со британските искуства

Меѓуминистерската група за надгледување на процесот на изработка на стратешките одбранбени документи, со која претседава министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска беше запознаена со британските искуства во оваа сфера.
Во составот на групата се и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за финансии Драган Тевдовски и министерот за правда Билен Саљији.
Групата денеска имаше средба со Стивен Гловер, висок советник за одбрана и безбедност во Министерството за меѓународен развој на Велика Британија.
Гловер, заедно со американскиот експерт за одбранбени прашања Брус Бах во присуство на заменик-амбасадорот на Велика Британија Пол Едвард и на военото аташе во британската амбасада Ричард Пери ја презентираше организационата структура на британскиот систем за одбрана и безбедност, како и постапките и процедурите од кои произлегува креирањето на стратешките одбранбени документи за национална стратегија за одбрана и безбедност.
Овие стратешки документи во одбранбените политики и пракса на Велика Британија ги користи како листи за проверка за остварувањето на стратешките цели и мисии во сферата на одбраната и безбедноста на земјата.
Шекеринска се заблагодари на можноста членовите на оваа интересорска група да се запознаат со искуствата на Велика Британија на ова поле.
Министерката за одбрана нагласи дека Велика Британија како докажан пријател на Република Македонија и искрен поддржувач на земјата за нејзиното членство во НАТО, дава сериозен придонес за нашата земја во период кога се очекува исчекор кон долгоочекуваното членство на земјата во Алијансата.
Дел од сугестиите кои произлегуваат од презентацијата на искуствата на Велика Британија во подготовката за изработка на стратешките одбранбени документи, веќе се применуваат и во Република Македонија, се наведува во владиното соопштение.
- Тоа пред сѐ се однесува на интегрираниот, меѓуминистерски пристап, во анализата и подготовките за креирање на стратешките одбранбени документи, кои веќе даваат посуштински резултати за разлика од досегашниот сегментиран пристап, рече министерката Шекеринска.
Димитров ја истакна новата енергија во Владата и во надлежните министерства за евроатлантските процеси, која внесува креативна динамика и во подготовката на стратешките одбранбени документи.
Тевдовски нагласи дека ставката за одбрана во буџетот за идната година се димензионира според стандардите на земјите членки на НАТО, како значаен фактор и во креирањето стратешките одбранбени документи од кои произлегува можноста за следење на спроведувањето на одбранбените стратегии.
Ново на Сител
-

Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат, тоа е она што сакаме да им го објасниме на нашите колеги во Бугарија
-

Воздухопловниот ВИНГ го одбележа Денот на единицата со прелети на армиски и сојузнички воздухоплови | ФОТО
-

Ангелов: На ДЗС и се потребни поранешни припадници на полицијата, армијата и противпожарните единици
-

СП 2026: Норвежаните носат 300 килограми риба и познати готвачи
-

33-годишник со месеци силувал малолетничка додека престојувал во нивниот дом во светиниколско
-

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи
-

ФФМ ќе чека судска одлука за „случајот Башкими“
-

АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина
