Loading Video...
Македонија
9. July 2021 - 20:52

Меѓаши: Сериозно кршење на правата на децата во пандемија

Неможноста да го видат едниот родител, зачестеност на физичко или психичко малтретирање, немање пристап до здравствени услуги или училиште. Податоците на првата детска амбасада во светот Меѓаши покажуваат дека пандемијата предизвика значително зголемување на бројката на случаи на прекршување на правата на децата на возраст од 7 до 15 години.

На нивниот СОС телефон во периодот од јануари до јуни годинава се јавиле 223 деца, а анализата покажува дека 32 проценти биле спречени да имаат контакт со едниот родител, 27 проценти биле жртви на насилство, 19 немале пристап до јавни услуги а 3 проценти биле исклучени од настава.

Од Меѓаши велат дека за 3 пати е зголемен броjoт на повици за разлика од пред две години, но сепак одзивот на оние кои се осмелуваат да пријават без разлика дали се самите деца, родителите или наставниците, е се уште мал.

За 6 месеци Меѓаши решиле вкупно 151 случај. Од оние кои пријавиле 100 биле девојчиња, а 99 момчиња. Најчесто на едно дете му биле прекршени повеќе права.