„Меѓаши“: Пратениците поактивно да се занимаваат со правата на децата
Правото на децата на соодветно образование и здравствена заштита, како и правото на здрава животна средина и чист воздух, биле темите на кои дискутирале македонските пратеници во последните шест месеци од минатата година. Во иднина потребно е освен на основните, акцент да се стави и на секундарни или терцијални права, како право на детско учество или слобода на говор, кои треба да изградат силни личности креатори на идните политики. Потребна е и поголема самоиницијативност на пратениците, бидејќи од тоа што тие ќе го донесат како законско решение зависи како ќе се реализира остварувањето на овие права.
Ова се пораките што денеска на прес-конференција ги упатија претставниците на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, а се резултат на Извештајот за застапеноста за детските права во работата на Собранието.
Од „Меѓаши“ истакнуваат дека нема голем напредок и покрај неколкугодишните укажувања кон пратениците да бидат проактивни, да предлагаат и усвојуваат решенија со кои ќе ги унапредуваат правата на децата, а не да чекаат само Владата да предлага закони, а тие да ги гласаат. Од голема помош не биле ниту обуките на пратениците од соодветните собраниски комисии поквалитетно да работат за унапредување на правата на децата.
И натаму, вели претседателот на „Меѓаши“ Драги Змијанац тие само декларативно се залагаат за правата на децата. На клучни теми, како што е загадувањето на воздухот, која влијае на правото на живот на децата, потенцира тој, се водат дискусии без конкретни предлози, забелешки и решенија и ова прашање не е во фокусот на надлежните собрански комисии.
-Ова треба да се промени во иднина. Од следниот парламентарен состав очекуваме да го промени ваквиот однос кон прашањата на правата на децата, да соработува со граѓанскиот сектор од кој може да добие поддршка и помош во изготвување решенија. Со овој извештај се утврдува дека нема проактивни улога на пратениците во однос на детските права колку што реално има потреба и колку што ние како граѓански сектор очекуваме, рече Змијанац.
Од Меѓаши очекуваат и политичките партии да вградат мерки за подобрување на правата на децата во нивните предизборни програми. Од институциите, меѓудругото, очекуваат забзрување на процесот на донесување закон за средно образование со кој ќе се овозможи право на учество и организирање на учениците, по примерот на Законот за основно образование. Се очекуваат и измени на Законот за семејство со цел воведување заедничко родителство во интерес на потребите н и правата на децата.
Ново на Сител
-
Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури
-
Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа
-
Ким: Русија има право на самоодбрана
-
Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица
-
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Јегуновце, ќе презентира неколку реализирани проекти
-
Состојба на патиштата
-
Облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд и снег
-
Зеленски: Подготвени сме за крај на војната во замена за членство во НАТО