Меѓаши: Апел до Владата да ја преиспита одлуката за враќање на работа и од породилно на родителите на деца до 10 години
Првата детска амбасада во светот Меѓаши апелира до Владата по повод одлуките поврзани со враќањето на работа на родителите на деца до 10 годишна возраст, донесени на четвртата седница и враќањето на работа, односно на редовно извршување на работните задачи за вработените лица, кои се ослободени од работа врз основа на користење на продолжено породилно отсуство, почнувајќи од 23 септември 2020 година, среда, имајќи предвид дека можноста за користење на оваа мерка за продолжено породилно отсуство престанува да важи.
– Во услови кога сè уште не се јасни начините како ќе се продолжи образовниот процес, бројките на заразени случаи сè уште немаат тренд на опаѓање, изменети услови на учење без разлика на изборот – со физичко присуство или онлајн, сметаме дека одлуката е неконзистентна со претходните одлуки и премногу е краток рокот за да им се овозможи на родителите соодветно да се организираат, се вели во апелот на Меѓаши.
На децата на училишна возраст, особено на првачињата, наведуваат оттаму, им е неопходно присуство на еден родител и во случај на онлајн настава, и во случај на посета на наставата со физичко присуство. Со оглед на најавеното скратено времетраење на часовите, велат од Меѓаши, децата ќе поминуваат значително помалку време на училиште и поради работниот ангажман на своите родители може да се најдат во ситуација сами да поминуваат повеќе саати во своите домови, се до враќањето на нивните родители.
– Имајќи ги предвид малиот капацитет на предучилишните установи, како и протоколите со кои дополнително се ограничува бројот на деца по група, неизвесно е дали сите деца чии родители се работно ангажирани ќе можат да бидат навремено примени во градинка. Прашањето на континуирана и квалитетна грижа за децата, безбедноста, менталното здравје и нивната благосостојба е оставено неодговорено, нема понудено решение од страна на Владата за надминување на оваа состојба, се наведува во соопштението.
Од Меѓаши посочуваат дека стресот предизвикан кај родителите со оваа нагла одлука со рок на спроведување од една седмица ќе има последици врз севкупниот семеен живот што пак ќе се одрази повторно на децата.
– Веруваме дека Владата и сите надлежни институции при носењето на одлуките водат грижа за најдобриот интерес на децата и во таа насока апелираме да се преиспита оваа одлука, додаваат во соопштението.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп