Меган Маркл го исфрли таткото од својот живот засекогаш: Тој никогаш нема да го запознае бебето Арчи
Од извори блиски до војвотката од Сасекс, Меган Маркл, западните медиуми дознаваат дека пред извесно време, таа му напишала трогателно писмо на својот татко.
Оттуѓениот татко на Маркл ја молел војвотката и принцот Хари да се смират со него, за тој да може да си го види внукот… А сепак, деновиве ги критикуваше поради „нивното лицемерие и нечесност“.
Имено, Томас Маркл за „Дејли Мејл“ изјави оти се надевал, доколку не го види бебето Арчи, барем да добие слика од него, но тоа не се случило.
– Би сакал да ми испратат фотографија на Арчи, за да можам да ја врамам и да си ја ставам на ѕидот, до таа на Меган. Нели е тоа она што секој дедо би го посакал? Би сакал да знам дали го има препознатливиот нос на Меган. Понекогаш ми се чини оти луѓето мислат дека не ја сакам ќерка си. Многу ја сакам!, вели 74-годишниот Томас во интервјуто.
Натаму, тој вели дека се надевал дека откако ќе стане мајка, Меган ќе омекне и „ќе му подаде рака“.
Томас Маркл го избегнуваше интересот на јавноста со месеци.
– Тоа го правев само за на мојата ќерка да не ѝ предизвикам стрес и негативни емоции во бременоста, истакна тој.
Ново на Сител
-
СДСМ предлага минималец од 450 евра, ВМРО-ДПМНЕ најде грешки во пресметката, реагираше и ССМ
-
Единствен регионален пазар – придобивки и предизвици
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче: Минимална плата 27.700 денари
-
Ибраимовски: Фрлена бомба врз штабот на ПЦЕР во Тетово
-
Неевидентирани лица од други општини сакаат да добијат бесплатен кров над глава во Штип
-
Расте бројот на ученици во стручното образование
-
Преглед на вестите од светот