Македонија
30. September 2023 - 16:34

Меџити жали што доцни тендерот за дијабетичарите

Глукомерите се квалитетни тврди министерот за здравство и ги демантираше информациите дека апаратчињата не биле стандардизирани. Се согласува дека начинот на пакување не бил соодветен и веќе сугерирале кај компанијата во иднина да ги пакува соодветно со упатство за употреба. Меџити тврди додека е тој министер нема да дозволи да доцни тендер за лекови како што било случај до сега.

Министерот вели во следниот период ќе се бара системско решение за да не се повторуваат проблемите со кои постојано се соочуваат дијабетичарите. Едно од најдобрите решенија за кои се размислува е воведување на референтни цени за инсулин.

Следната недела се очекува да пристигнат уште 17 илјади глукомери кои ќе им бидат поделени на дијабетичарите. Бесплатни прегледи за граѓаните денеска беа направени од ИЈЗ во градскиот парк по повод ден на срцето. Медицинските лица бесплатно им мереа ниво на шеќер во крвта, холестерол и крвен притисок.

Возрасната група над 65 години е сѐ уште најзасегната од кардиоваскуларните заболувања. Но, 20 проценти ѝ припаѓаат и на помладата популација.