Меџити за првите 100 дена Влада: Се соочивме со деструктивна опозиција
Првите 100 дена и се даваат на новата Влада да ги постави луѓето и да почне со работа. Но, се соочивме со деструктивна опозиција која секојдневно критикува, со право и без право. Воедно, отвори некои работи од минатото кои не ги затвори како што треба, како што се законот за јазици, балансерот, Бадентер,... Имаа доволно време, осум години, да ги решат, но не ги решија и сега злоупотребуваат и судска власт за дневна политика. За жал, ги инструментализираат за дестабилизација и за сеење магла за да се спасат од одговорност. Ова не е оправдување. Ние и покрај ова бевме секојдневно посветени на нашето ветување и програма, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Како што напомена Меџити, евроинтеграцискиот процес и условот што земјавата треба да го исполни за негово продолжување, беше, е и ќе остане еден од клучните приоритети на Владата. Тоа, рече, е единствената алтернатива за сите граѓани, а оваа власт има демократски капацитет и знае како да оди по овој пат.
-Како што ветивме, има силна борба против казино-бизнисот, легален и нелаглен, посебно за нелегалните концесии што ги даде заменик-премиерот Груби, има и владина Одлука за бескопромисна војна со казино-бизнисот на црно, што е проблем и за регионот, онлајн казината се укинаа целосно и ќе носиме нов закон кој ќе биде многу построг во однос на овој бизнис кој е на штета на граѓаните. Во овие 100 дена, исто така, имаше одлука на Владата и за 35 милиони евра за Универзитетот „Мајка Тереза“ со што покажуваме дека сме посветени на подобро и поквалитетно образование зашто инвестиција во човечкиот фактор е најдобрата инвестиција и така ќе продолжиме на сите нивоа на обраозвание. Од сите 80 општини веќе има апликации за проекти за конкретни решенија за проблеми со кои се соочуваат граѓаните, ќе се доделат 100 милиони евра оваа година, а 900 милиони во наредните 3-4 години. Со ова покажавме дека сме посветени на децентрализацијата која е најблиска власт на граѓаните и столб на Рамковниот договор, истакна министерот, одговорајжи на новинарско прашање во врска со првите 100 дена од формирањето на Владата.
Тој најави и дека граничните премини Табановце, Блаце, Ќафасан, ќе имаат „one stop shop“ со што значително ќе се олесни протокот на луѓе и стоки и ќе се намалат доглите чекања.
Ново на Сител
-
Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија
-
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“
-
Тепачка помеѓу малолетници во Штип
-
НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на Украина ги тероризираат цивилите
-
Мајка и две ќерки нападнале малолетно девојче на свадба во Куманово
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина