Македонија
20. February 2025 - 16:35

Меџити: Во владата нема преговори за промена на грбот

Нема преговори меѓу владините партнери за промена на државните симболи, но нема ниту табу теми. Владиниот потпретседател вели дека Македонија во моментов има поважни работи од промена на грбот и химната.

Изјавата на Меџити доаѓа по онаа за албанските медиуми од пред два дена каде предложи химната да се изведува без текст што предизвика реакции и во владината коалиција. 

Лидерот на ЗНАМ вчера за Сител рече неговата партија е против промена на државните симболи

Додека владата дефокусира со грбот, земјата е во изолација, граѓаните се борат за преживување, порачаа утрово од Мала Речица

„Оваа влада одбра да владее со пропаганда, а не со дела, оставајќи ја земјата во длабока криза и манипулирајќи го јавното мислење со неважни теми.

ДУИ нема да остане со скрстени раце пред оваа социјална и економска катастрофа.

Правата и благосостојбата на граѓаните не смеат повеќе да бидат жртва на неодговорноста на владата.“ – се вели во соопштението на ДУИ

Дебатата за промена на државниот грб ја отвори премиерот Мицкоски кој одговорајќи на новинарско прашање рече дека тоа е тема која и претходно била отворена во разговорите со ДУИ. 

Во опозицијата нема расположение за промени. И СДСМ и Левица веќе излегоа со став дека се против менувањето на грбот и најавија максимална ангажираност да го спречат тоа.