Меџити: Османи куќата, додека Груби и неговите браќа становите, ги изградија и ги проширија на диво
Синоќа, во емисијата Клик Плус, лидерот на Демократското движење Изет Меџити, меѓу другото, за прв пат даде до знаење дека како и многу други граѓани, така и функционери на ДУИ, имено кандидатот за претседател Бујар Османи и заменик премиерот Артан Груби изградиле диви или нелегални објекти и истите подоцна ги легализирале.
„Вечерва за прв пат ви кажувам дека кандидатот за претседател Бујар Османи својата куќа ја има изграденo на диво, и јас како градоначалник му ја легализирав нему како и на многу други граѓани, па наместо да плаќа комунални такси по 110 евра за м2, тој платил 1 евро, што значи самиот тој изградил куќа на диво.“
„Артан и неговите браќа имаат изградено доградба на станови, во Чаир, речиси половина зграда на диво ја изградиле и истите се легализирани.“
Ново на Сител
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Прв говор на Трамп пред Конгерсот, аплаузи и скандирања
-
Опозицијата ја бојкотира денешната седница, инцидентите во српскиот парламент ќе ги расветлува обвинителството
-
Мицкоски не се видел со Груевски во Будимпешта, ќарот од Унгарија е милјарда евра
-
Мицкоски: Ни го распродаде македонскиот јазик, а сега се зборува за албанскиот
-
10-годишно дете заврши на хирургија, откако врз него паднала гранка од дрво
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко