Меџити: Новата влада ќе се формира на 19 или 20 јуни
Претседателот на Демократското движење, кое е дел од Коалицијата „Вреди“, Изет Меџети денеска потврди дека новата влада ќе се формира по празникот Бајрам, односно на 19 или 20 јуни.
- Јас и Таравари по секоја веројатност ќе бидеме дел од извршната власт - јас на функцијата вицепремиер и министер за екологија, додека Таравари повторно ќе го води ресорот за здравство. Касами повторно ќе и се врати на Тетово, за да го заокружи мандатот кој успешно го започна. Можам да потенцирам дека „Вреди“ ќе имаме двајца албански вицепремиери во новата извршна власт. Сериозен кандидат за вицепремиер за добро владеење ќе биде Арбен Фетаи од Алијансата за Албанците на Таравари. За вицепремиерското место за евроинтеграции деновиве треба да одлучи Алтернатива. БЕСА треба да одлучува за министерските места за економија и социјална политика, изјави Меџити.
Тече рокот од 20 дена за формирање на влада откако во четвртокот мандатарот Христијан Мицкоски го доби мандатот за формирање на влада. Новата влада ќе има 20 министерства, четири повеќе од досега. ВМРО- ДПМНЕ за формирање на владата водеше разговори со коалицијата Вреди и ЗНАМ. Поделбата на ресорите е позната, а имиња се уште не се соопштуваат официјално.
Измените на Законот за државна управа што доцна вечерта во петокот поминаа на собраниска седница предвидуваат кон Министерството за економија да се приклучи сегментот труд, а делот енергетика, рударство и минерални суровини да бидат под надлежност на новото Министерство за енергетика. Сегашното Министерство за труд и социјална политика прераснува во Министерство за социјална политика, демографија и млади, а ингеренциите за туризмот ќе бидат под новото Министерство за култура кое ќе гласи Министерство за култура и туризам. Ќе се формира министерство за дигитална трансформација кое ќе го наследи досегашното министерство за информатичка технологија и администрација, како и Министерство за спорт.
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Незивисните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер