Медведев: Неприфаќање на примирјето значи помалку проблеми за руските војници
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев денеска изјави дека Киев со одбивањето на примирјето не ја прифаќа „раката на христијанската милост“, но и „помалку проблеми“ за руските војници.
Тој истакна дека му е жал за луѓето, кои ја изгубиле можноста да одат во црква.
– И свињите немаат вера, немаат вродено чувство за благодарност. Тие разбираат само брутална сила, наведе Медведев, додавајќи дека западните земји го инструираат Киев.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера му нареди на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да воведе 36-часовен прекин на огнот на целиот фронт почнувајќи денеска на пладне.
– Со оглед на апелот на неговата светост Патријархот Кирил, му наредувам на министерот за одбрана на Руската Федерација да воведе режим на прекин на огнот на целата линија на фронтот во Украина од 6 јануари напладне до полноќ на 7 јануари, изјави Путин.
Патријархот московски и на цела Русија, Кирил повика на божиќен прекин на огнот во Украина и Донбас. Тој истакна дека тоа е неопходно за православните верници да можат да присуствуваат на богослужбите на Бадник и на Божиќ.
Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаил Подољак вчера изјави дека Киев не прифаќа никаков мировен договор со Москва што ќе и овозможи на Русија да ја задржи окупираната украинска територија од руските сили, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаил Подољак.
– Руската Федерација (Путин) под зборот разговор и нуди на Украина и на светот да го признаат нејзиното право да окупира странски територии и да го решат отсуството на правни последици за масовни убиства на странска територија. Тоа е целосно неприфатливо, напиша Подољак на Твитер.
Украина и нејзините сојузници оценија дека Русија донела одлука за примирје за да добие на време.
Русија на 24 февруари минатата година ја нападна Украина. Досега немаше примирје на целата територија на Украина, но имаше локални договори за прекин на огнот, во април и во мај 2022 година кога цивилите беа евакуирани од фабриката во Мариупол.
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак