Медведев и Вучиќ разгледуваа проект-алтернативи за „Јужен поток“
Премиерите на Русија и на Србија, Дмитриј Медведев и Александар Вучиќ, на денешната средба во Москва разгледаа проекти за испорака на природен гас, кои би биле алтернатива на пропаднатиот гасовод „Јужен поток“.
Како што јави Танјуг, по средбата Медведев изјави дека енергетиката е најдобар пример за соработката меѓу Русија и Србија во големи инврфарстуктурни проекти, порачувајќи дека „Нафтената индуситрија на Србија (НИС), која е заендичка српско-руска сопственост, треба да стане регионален енергетски лидер.
- Ќе продолжиме да работиме на обебзедувањето на ис пораките на гас и на порнаоѓањето нови маршруди за достава на енегренсот по прекинот на проектот „Јужен поток“, нагаласи Медведев.
ТАСС јави дека во рамки на посетата на Москва на српската делегација предводена од Вучуќ, биле потпишани меморандум за билатерална соработка во економијата, привлекувањето инвестиции и реализација на заеднички проекти. .
- Србија оваа година зема замав на рускиот пазар при што увозот од таа држава е зголемен за 40 отсто, наведе Медведев.
Тој додаде и дека неговите разговори со Вучиќ биле „успешни и пријателски“. - Такви се и карактеристиките на односите на нашите две земеји, нивната исотрија и се надевам перспектива, додаде Медведев.
За време на разговорите Вучиќ го поканил Медведев во официјална посета на Србија во текот на идната година.
Ново на Сител
-
Сибиха: На Украина ѝ се потребни воени и дипломатски гаранции
-
Сто и петнаесет години од раѓањето на Мајка Тереза - светицата на бедните
-
Без струја делови од Центар и Карпош
-
Доделување на државната награда „Мајка Тереза“
-
Претседателскиот кандидат Хорхе Кирога ќе ги блокира договорите за литиум со Кина и Русија
-
Трамп: Војната во Газа ќе заврши за неколку недели
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор