Свет
9. јуни 2016 - 9:16

Медведев горд на новиот патнички авион МС-21

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека е многу горд што новиот патнички авион МС-21 е направен токму во Русија.

Овој авион вчера беше претставен во рускиот град Иркутск. 

- Ова е сјајно. Со целото срце ви честитам на настанот кој беше со нетрпение очекуван од страна на целата наша цивилна авијација, авио-индустрија и целата земја, истакна Медведев на официјалната презентација на авионот, оценувајќи дека побарувачката за авионот ќе биде голема.

Според изјавата на претседателот на компанијата „Иркут Корпорејшн“ Олег Демченко, рускиот авион ќе биде најдобар во својата класа. 

Русија го претстави новиот патнички авион со цел да го оживее производството и употребата на домашните летала и да ја намали потребата од авионите произведени на запад.

Овој авион е наменет за широка употреба, направен е од лесни-композитни материјали со што е унапрадена комерцијалната ефикасност. 

Испораката на првиот МС-21 е најавена за во 2018 година, јави Танјуг.