Медведев: Анкара предизвика заострување на односите меѓу Русија и НАТО
Рускиот премиер Дмитриј Медведев како криминално дејствие го оцени вчерашниот напад на турските военовоздухопловни сили врз рускиот авион „Су-24“ во Сирија, пренесе ТАСС.
Премиерот настанот го искоментира пред новинарите во Екатеринбург, на Урал, каде пристигна по турнејата низ југоисточна Азија.
„Неразбирливо криминалните дејствија на турските власти, кои соборија руски авион, предизвикаа три последици“, изјави тој,
-Прво, опасно се заострија односите меѓу Русија и НАТО, што не може да се оправдаат со никакви интереси, вклучувајќи ја и заштитата на државните граници.
Второ, Турција со своите дејствија демонстрира дека всушност ги заштитува борците на Исламска држава. Ништо чудно, објасни тој, со оглед на податоците за директен финансиски интерес на некои функционери од Турција, поврзани со испораката на нафтени производи, произведени во фирмите на ИД.
-И трето, поткопани се долготрајните добрососедски односи меѓу Русија и Турција, меѓу другото во економијата и во хуманитарната сфера, подвлече Медведев.
Медведев смета дека тешко ќе може да се компензираат овие штети, дека е можно директно откажување од редица заеднички проекти и турските компании да ги загубат своите позиции на рускиот пазар. сд/ссм/09:41
Ново на Сител
-
Навивачи на АЕК предизвикаа инцидент во финалето против Алкалоид
-
Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата
-
Алкалоид го совлада АЕК во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп
-
Во амбасадата во Пекинг одбележан Денот на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“
-
Мицкоски за договорот со В. Британија: Ниту било побарано од мене, ниту ми паднало на памет градење мигрантски кампови
-
Папата Лав Четиринаесетти го прими Зеленски
-
Зеленски се сретна во Венс и Рубио во Рим
-
Скопјанец ограбил казино и ја нападнал вработената