-->
-->
Медлин Олбрајт изрази подготвеност да премине во ислам
-->
Поранешната американска државна секретарка, демократката Медлин Олбрајт изјави дека ќе премине во ислам во знак на протест поради имиграциската политика на претседателот Доналд Трамп.
- Воспитана сум како католик, потоа преминав во Епископалната црква, потоа открив дека еврејската вера е моето семејство. Сега сум подготвена да преминам во ислам во знак на солидарност. Добродојдовте бегалци, напиша Олбрајт на Твитер.
Таа додаде дека САД треба да останат слободни за луѓето без оглед на нивната вера и потекло.
Трамп вчера потпиша указ за заострување на имиграциската политика и граничната контрола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Билјана Ивановска влегува во градоначалничката трка во Центар
-
Министерството за правда и ДИК бараат решение за независните кандидати
-
Младата Вања апелира министерството да обезбеди инсулински пумпи на сите пациенти со дијабетес Т1 на кои им е потребна
-
Судење за екс обезбедувачот на премиерот, се презентираа снимки
-
Македонското малцинство во Бугарија не постои во последниот извештај на Стејт департментот
-
Огнот се приближи до објектите на ЈП Јасен – сите сили фокусирани на Јасен
-
Забрзано се гради автопатот Охрид-Кичево
-
Кривична пријава за директорот на Паркови и зеленило оти не им дава плати на вработените во Флораком и Луна