Медиумска писменост ќе се воведе и во средното образование
Медиумска писменост ќе се воведува и во средното образование. Имплементацијата на овој проект во основното образование им помага на учениците да се стекнат со вештини критички да анализираат, да препознаваат лажни вести и дезинформации. Министерката смета дека со воведувањето на медиумската писменост во формалното образование се добиваат подобри резултати кај учениците, додека од БРО пак сметаат дека треба да биде посебен предмет за што веќе се реализирани голем број обуки за наставниците.
Минатата година биле опфатени над 700 ученици од основните и од средните училишта, кои самите продуцирале над илјада медиумски продукти во рамки на проектот на УСАИД поддржан од МИМ. Оваа конференција е во рамки на одбележувањето на глобалната недела на медиумска и информациска писменост.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар