Балкан
14. December 2022 - 8:42

Медиуми во Пришина: Курти, Османи и Коњуфца ќе потпишат барање за членство во ЕУ

Во Приштина денеска ќе се одржи церемонија на која ќе биде потпишано барањето за членство на Косово во ЕУ, јавија приштински медиуми.

Косовското претседателство, како што јави приштинска „Коха“, соопшти дека церемонијата ќе се одржи во 11 часот.

Апликацијата ќе ја потпишат претседателката Вјоса Османи, премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на косовскиот Парламент, Гљаук Коњуфца.

По средбата е предвидена и прес – конференција.

Косовскиот премиер Албин Курти вчера најави дека барањето за членство на Косово во ЕУ ќе биде поднесена оваа недела.