-->
-->
Медиуми: Тотенхем не го продава Кејн
-->
Англискиот прволигаш Тотенхем нема намера да му дозволи на својот напаѓач Хари Кејн да го напушти клубот на крајот од сезоната, јавуваат британските медиуми.
Според весникот „Ивнинг стандард“, раководството на Тотенхем нема да разгледува ниту една понуда за Кејн без разлика колку пари заинтересираните екипи би понудиле за неговите услуги.
Вредноста на англискиот репрезентативец на фудбалскиот пазар се проценува на 120 милиони евра, а за 27-годишниот Кејн има голем интерес, пред сè од Манчестер јунајтед.
Претходно медиумите објавија дека Кејн ќе побара од Тотенхем дозвола да го напушти клубот во летниот преоден рок доколку премиерлигашот од северен Лондон не избори пласман во Лигата на шампиони следната сезона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори