Медиуми: Тачи призна дека нема поддршка за формирање армија на Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи призна дека Косово нема меѓународна поддршка за измена на законите што би овозможиле Косовските безбедносни сили да се трансформираат во армија на Косово, го пренесуваат белградските медиуми пишувањето на „Коха диторе“.
- Студен туш за Тачи од НАТО и Вашингтон, објави „Вечерње новости“, наведувајќи дека планот на Тачи за формирање армија на Косово „во средата го дигнал на нозе и НАТО“.
Според „Коха диторе“, Косово во случај на формирање на вооружени сили ќе остане без поддршка од американската администрација и НАТО.
- Работев ова прашање веќе три години, да се реши со уставни амандмани и би сакал да се спроведе. Имавме поддршка од САД и НАТО, но сега стана невозможно, особено по отворените и одлучни изјави на Српската листа и Белград тоа да не се дозволи, изјави Тачи за „Гласот на Америка“.
Според него, сега останува Косово да нема армија или да премине со спроведување некој друг план. Тачи тврди дека одлуката за формирање армија е во надлежност на косовските институции и дека сите меѓународни актери се известени за процесот.
„Вечерње новости“ наведуваат дека „под тревога е и целата дипломатска служба на Србија“, а премиерот Александар Вучиќ повикува меѓународната заедница да спречи кршење на Резолуцијата 1244 на СБ на ОН за Косово.
Американската амбасада во Приштина изрази загриженост од намерата на косовските власти да ги трансформираат Косовските безбедносни сили (ФСК) во армија на Косово без измени на Уставот.
- Ние ја поддржуваме постепената и транспарентна трансформација на Косовските безбедносни сили во мултиетничка сила според стандардите на НАТО, се наведува во соопштение од Амбасадата.
Американските дипломати, меѓутоа, предупредуваат дека таа трансформација треба да биде изведена во согласност со косовскиот Устав и преку сеопфатен политички процес со почитување на принципите на мултиетничката демократија во земјата.
Косовскиот претседател Хашим Тачи завчера на претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели му го предаде нацрт законот за трансформација на безбедносните сили во армија на Косово.
- Опасност за Балканот не е формирање на косовската армија, туку руските „МиГ-ови“, воени бази и маневри во Србија, изјави вчера косовскиот претседател Хашим Тачи во интервју за албанската редакција на радио „Слободна Европа“.
Косовскиот претседател рече дека Приштина нема да се откаже од измените на законот за трансформација на лесно вооружените безбедносни сили во класична армија и покрај спротивставувањето на меѓународната заедница, НАТО и Србија, потенцирајќи дека „за тоа никогаш нема да преговара со Белград“.
Ново на Сител
-

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната
-

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација
-

Времето утре нестабилно со пороен дожд
-

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
