Медиуми: Хрватска се соочува со парламентарна криза
Со преминот на претседателот на Блокот пензионери заедно (БУЗ) Миливој Шпика во пратеничката група на градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ дошло до промена на парламентарното мнозинство во Хрватскиот сабор, што дел од хрватските медиуми го оцениле како „конечен пад на Владата“.
Пратениците на Мост, помала членка на владејачката коалиција, меѓутоа, тврдат дека мнозинството во Саборот е стабилно.
Шпика на прес-конференција истакна дека актуелниот премиер Тихомир Орешковиќ нема легитимитет и на таа позиција може да се најде или Томислав Карамарко или Зоран Милановиќ.
Поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор ја коментирала моментната парламентарна криза и можна промена на мнозинството, оценувајќи дека станува збор за „најдраматични моменти на оваа Влада“.
- Ситуацијата е неприфатлива и очекувам премиерот да и се обрати на јавноста. Претпоставувам дека чувствува одговорност кон државата, нагласи Косор, предупредувајќи ако мнозинството во Саборот не го поддржува премиерот ќе мора да се започне постапка за гласање недоверба на премиерот.
Ново на Сител
-
Активен пожарот кај селото Стровија во општина Долнени
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто
-
Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови
-
Напади со дронови меѓу Русија и Украина во текот на ноќта
-
Илјадници луѓе протестираа во Израел барајќи договор за заложниците
-
Сончево со мала до умерена облачност, од утре промена на времето
-
На ГП Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
-
Покрената истрага за поранешниот специјален обвинител кој водеше два случаи против Доналд Трамп