Медицински сестри од Гевгелија им помагаат на своите колеги во ГОБ „8 Септември“ во Скопје
Три медицински сестри од Општата болница со проширена надлежност од Гевгелија на барање од Министерството за здравство поради недостиг на кадар се испратени во ГОБ „8 Септември“ во Скопје, каде им се придружија на колегите во напорите за успешно справување со Ковид-19, потврди денеска директорот на гевгелиската болница Митко Крџев.
– Во текот на вчерашниот ден медицинските сестри пристигнаа во Скопје, каде со останатите нивни колешки од болниците во земјава поминаа кус тренажен процес за запознавање со процесот и протоколите за работа и од денеска се веќе распоредени на работа на болничките одделенија каде за тоа има најмногу потреба, рече Креџев.
Тој посочи дека медицинскиот персонал од Гевгелија ќе биде времено ангажиран како испомош во ГОБ „8 Септември“ за период од 14 дена.
Покрај тоа, денеска од Подрачната единица на Центарот за јавно здравје од Гевгелија беше потврдено дека вчера регистрираниот инфициран пациент со Ковид-19 не е од Гевгелија, туку од селото Стојаково, општина Богданци.
Ново на Сител
-
Македонија оди на сè или ништо против Фарски Острови
-
Трговски центар во Варшава со 1.400 продавници изгоре во пожар | ВИДЕО
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода
-
Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова
-
ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада
-
Швајцарија победи на Евровизија
-
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради улична трка
-
Бајден: Прекин на огнот во Газа е можен уште утре, доколку Хамас ги ослободи заложниците