Живот
23. July 2015 - 11:36

Мечка украде храна за кучиња и се онесвестила откако целата храна ја изеде

Една жена од Флорида фотографира неверојатна глетка во нејзиниот двор. Имено, една огромна црна мечка залутала до нејзината куќа, а тоа што го направила го насмеало целото семејство.

Мечката пронашла вреќа со десет килограми кучешка храна во гаражата, ја зела со себе до дворот и ја изела наеднаш, а потоа се онесевестила и заспала. Жената го повикала соседот кој имал искуство со мечки и ги ловел.

Боб ја сликал огромната мечка од 250 килограми како спие на грби тоа среде двор.

- Мечката се превртуваше три или четири пати и еднаш се истегна. Околу еден час, еден час и пол само лежеше, рече Боб.

По еден час и пол, мечката замина назад во шумата. Неговите фотографии го свртеа светот и стана вистински хит на Интернет.