МД „Илинден“-Тирана бара лични документи на македонски јазик
Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и разгранокот за Голо Брдо, во име на Македонците што живеат во Албанија, побараа од надлежната служба за водење матична евиденција, документите да бидат издавани на македонски јазик.
- До директорот на Генералната дирекција за матична евиденција, Бледар Дорацај, доставивме барање интернационалните изводи од матична книга на родените и венчаните, како и други документи, кои ги издава оваа служба, да бидат на македонски јазик. Тие сега се издаваат освен на албански и на грчки, италијански, англиски, германски, изјави за МИА претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај.
Во барањето се посочува дека со донесувањето на ваква одлука на многу граѓани ќе им се помогне да не се изложуваат на дополнителни напори и трошоци за превод на документот од албански на македонски јазик.
Ново на Сител
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани