Мбапе се враќа во репрезентацијата на Франција
Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе се враќа во репрезентацијата на Франција за претстојното четвртфинале во Лигата на нации против Хрватска.
Тренерот на „петлите“ Дидие Дешан не го повика капитенот за натпреварите во октомври и ноември. Во првиот случај самиот играч побара да не биде вклучен во тимот, но во вториот Дешан реши да не го користи.
Последен пат за француската репрезентација играше на 9 септември против Белгија во Лигата на нации.
Тренерот потврди дека Мбапе повторно ќе го води тимот со капитенската лента.
Во составот се враќа и Аурелиен Чуамени, но искусниот Н’Голо Канте ќе отсуствува поради повреда на мускулот.
Првиот повик во сениорскиот тим го прими 19-годишниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Дезире Дуе. Во дел од проширениот состав е и Маркус Турам, иако и самиот призна дека има проблеми со глуждот речиси еден месец.
Првиот меч е во Сплит на 20 март, а три дена подоцна реваншот е на „Стад де Франс“.
Ново на Сител
-
Привршува судењето за убиствата на Вања и Панче, завршни зборови на 2 јуни
-
Шефицата на Европската дипломатија Каја Калас во петок во Скопје
-
Македонија домаќин на 2200 војници од НАТО вежбата „Брз одговор 2025“
-
Форум: Мали држави - Големо влијание
-
Арсовска „фати“ дивоградба во Чаир
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат