Мбапе: Ќе бидам во ПСЖ следната сезона

Килијан Мбапе проговори по добивањето на наградата за играч на сезоната во Лига 1.
– Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот, раководството, персоналот, медицински персонал, обезбедување и канцелариски персонал, чии напори ни помагаат да работиме во најдобри услови за да продолжиме да победуваме, а тоа е тешко.
Секогаш сакав да победувам и да го запишам моето име во историјата на првенството. Но, и со амбицијата што ја имам, не очекував да го постигнам ова толку брзо. Навистина чувството е многу убаво. Среќен сум што го направив овој избор минатата година (одби трансфер во Реал Мадрид и го продолжи договорот со ПСЖ). Овде сум, уживам, се подобрувам како играч. Имам корист од ова. Ќе бидам тука следната година. Јас сум многу среќен, изјави Мбапе.
Напаѓачот на ПСЖ ја добива наградата четврти пат по ред.
Ново на Сител
-

Невреме со урагански ветер и град ја зафати Словенија
-

Во април за 38 проценти помалку одобренија за градење, ќе се градат 722 стана
-

Во Тирана одржан најмасовниот протест досега против „Зврнец"
-

Алиу: Изминатата година поставена насока - здравствен систем што планира, мери, дигитализира и одговара
-

Почнува Светското фудбалско првенство 2026
-

Највисокиот суд на ЕУ ќе даде мислење за жалбата за транспарентност за вакцините против Ковид-19
-

Американската војска: Завршени последните напади врз цели во Иран
-

Николоски: Железницата Бељаковце - Крива Паланка е инженерско чудо | ВИДЕО
