Мбапе го купи францускиот второлигаш Каен
Напаѓачот на француската репрезентација и шпанскиот гигант Реал Мадрид, Килијан Мбапе стана мнозински сопственик на францускиот второлигаш Стад Малербе Каен, попознат како СМ Каен.
Мбапе купи 80 отсто од акциите на клубот преку неговиот инвестициски фонд „Coalition Capital„, додека Пјер-Антоан Каптон, актуелниот претседател на надзорниот одбор, ќе остане малцински акционер со удел од 20 отсто.
Клубот од стадионот Мишел д’Орнано досега беше во сопственост на американскиот инвестициски фонд „Oaktree“. Се шпекулира дека трансакцијата е вредна околу 15 милиони евра.
Француските медиуми пренесуваат дека претседател на клубот треба да биде Зиад Хамуд, близок пријател на француската фудбалска ѕвезда, кој е задолжен за неговата компанија за заштита на имиџот.
Сè уште не е јасно колку од неговите сопствени пари на крајот ќе инвестира Мбапе и кои се неговите амбиции за клубот.
СМ Каен, клуб од град лоциран во Нормандија, 240 километри западно од Париз, ќе ја започне својата сезона во Лига 2 на 17-ти август против Париз ФК. Последен пат Каен играше во елитната класа Ле Шампионат во сезоната 2018/19.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии