Живот
9. July 2015 - 14:36

Мажите со пивски стомак се подобри во сексот од оние со „плочки“!

Додека повеќето девојки сонуваат за момци кои имаат „плочки”, не ни сонуваат дека многу подобро би се забавувале со некој кој има пивско стомаче.
Неверојатно, но вистинито, мажите со стомаче се официјално подобри љубовници од оние кои се трудат да имаат совршени стомачни мускули. Затоа момци, наместо во теретана, следниот тренинг може да ви биде во кафана со пиво.
 
Истражувањето кое е спроведено на 200 мажи, во траење од една година, утврди дека постои корелација измеѓу индексот на телесна маса и сексуалната моќ кај мажот. Се покажа дека мажите со поголем стомак можат да издржат дури 5 минути подолго од останатите. Поточно, таквите мажи издржале во просек 7.3 минути, што би значело дека оние без стомаче издржале едвај две минути. Со други зборови, што поголем стомак – толку подобар перформанс во кревет.
 
Објаснувањето е следното: колку повеќе масти има на стомакот, тоа значи дека мажот има поголемо ниво на естрадиол, женскиот полов хормон, кој помага во одложување на оргазмот.