-->
-->
Маж, жена и леб: Приказна која мора да ја прочитате за долг и среќен брак
-->
На денот на нивната триесетта годишнина од бракот, жената како и вообичаено, печела домашен леб.
Таа и инаку го печела секое утро, тоа било како еден вид на нивна традиција. Исекла две парчиња леб и ѝ двете ги премачкала со путер. Како и вообичаено, таа го дофатила парчето од средината и му го дала на сопругот, а за себе си го оставила крајчето, но сепак застанала...
Си помислила: "Денес, кога славиме 30 години како сме во брак, сакам јас за појадок да го изедам парчето од средината на лебот. Сонувам за него сето ова време. Бев примерна жена 30 години и ги воспитав нашите деца да бидат добри луѓе. Вложив толку многу труд за добросостојба на нашето семејство."
Таа се одлучила на сопругот да му го даде крајчето, но раката и затреперила што прекинува традиција долга 30 години!
Мажот го прифатил парчето леб и ѝ кажал на својата сопруга: "Денес ми даде преубав подарок, драга. Цели 30 години за појадок не сум јадел парче со корка која толку многу ја сакам, бидејќи сепак е правично ти да го добиеш она што најмногу го сакаш. Ти благодарам!"
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми
-
Следува период на многу топло време, температурата до 40 степени
-
Грчката фрегата во Аденскиот залив интервенирала и соборила дронови
-
Русија тврди дека уништила два лансири за ракети „Патриот“ во регионот на Одеса
-
Околу 50 лица се удавија, од кои седум деца, во руските реки, езера и мориња во последните 24 часа
-
Денеска е Светски ден на чоколадото
-
Обилните дождови предизвикаа свлечиште во Непал, загинаа најмалку 14 лица, девет се водат за исчезнати
-
Владина делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон - јакнење на билатералните односи со САД и афирмирање на земјава како стабилен партнер