Свет
1. January 2022 - 10:20

Маж загина при експлозија на петарди, 12 повредени во Берлин

Во Хенеф во германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, 37-годишен маж загина при експлозија на петарди.

Полицијата соопшти дека во експлозијата еден маж е смртно повреден, а уште еден е тешко повреден и се наоѓа во животна опасност.

Во источниот дел на Берлин 12 лица се повредени во експлозија на нелегален огномет на приватна новогодишна забава.

Сите лица се хоспитализирани, но за среќа нема потешко повредени.