-->
-->
Маж почина во пожар во прилепско Ерековци
-->
Едно лице загина во пожар на куќа во прилепското село Ерековци. Според надлежните од Прилепската противпожарна едница, денеска во 12:34 часот добиле повик за пожар во куќа во селото Ерековци. Интервенирале со две возила и пет пожарникари за да го изгаснат пожарот во дневна соба во куќата во селото.
Според дежурниот командир во Прилепската противпожарна единица станува збор за 76-годишниот Д.Н. кој бил слабо подвижен. Неговиот син два часа пред да избувне пожарот бил излезен надвор од куќата.
Лекарите од Службата за итна медицинска помош ја констатирале смртта, а увид на местото на пожарот направиле екипи од прилепската полиција и од Основното јавно обвинителство за да се утвдат причините за пожарот и за смртта на Д.Н.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори