-->
-->
Маж паднал од велосипед и починал
-->
На 30.05.2019 година во 15,20 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено лицето Љ.А.(68) од Скопје со повреди здобиени од пад од велосипед што го управувал во населбата Шуто Оризари. Подоцна, тој им подлегнал на повредите. На местото на настанот извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, велосипедот бил пронајден, а во извршениот разговор соочевидци на настанот тие изјавиле дека лицето се здобило со повреди од пад од велосипед. По наредба на Јавен обвинител телото на починатото лице е дадено за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот со Татјана Димитровска, претседателка на ДКСК
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Гаши ја свика првата координација
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Деспотовски: Тој што ќе изгуби на изборите во СДСМ, да не прифаќа партиски функции
-
Мицотакис: Прашањето за Преспанскиот договор ќе го отворам на Самитот на НАТО
-
Матурантите кои препишуваа на испитот по мајчин јазик ќе полагаат пак во август
-
Детектор: Младинскиот активизам на незадоволително ниво