Македонија
2. February 2024 - 12:13

Маж нападнал вработен во Здравствен дом Охрид, лишен од слобода 57 годишен охриѓанец

На 01.02.2024 година во 19.20 часот, на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, лишен од слобода е С.Д.(57) од Охрид, информира СВР Охрид.

Тој се сомничи дека претходно, во просториите на Итната медицинска помош во Охрид, физички нападнал еден вработен во Здравствениот дом.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.