-->
-->
Маж ја тегнел сопругата за коса во центарот на Гостивар
-->
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против 36-годишен жител на Долна Бањица за кривично дело – Телесна повреда согласно член130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
При вршење семејно насилство, на 23.12.2020 година во вечерните часови, тој телесно ја повредил неговата сопруга. Имено, по претходна вербална расправија во центарот на Гостивар, тој најпрвин започнал вербално да ја навредува сопругата, а потоа ја фатил за блуза и за коса и ја тегнел, па така ја ставил во такси возило со кое се упатиле дома. На тој начин на оштетената и нанел телесни повреди и предизвикал вознемиреност и стрес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен крадец во Тетово, следува соодветна пријава
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на Владата
-
Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче, се очекува да сведочи Гоце Трајковски
-
Авион со 10 луѓе исчезна на Алјаска, потрагата е во тек
-
МВР: Дојавите за бомби во училиштата се лажни
-
Мицотакис денеска на Санторини – продолжуваат земјотресите на островот
-
Без струја утре дел од општина Центар
-
Мицкоски ќе присуствува на доделување на станови на социјално ранливите семејства во Општина Велес