Мавровски: Ситуацијата е критична, не чека тешка зима
Утрово Блок 1 во РЕК Битола беше ставен во функција, продолжи со производство на струја и беше приклучен во електроенергетскиот систем откако 24 часа беше исклучен заради пукната цевка во постројката. Од ЕСМ велат дека продолжуваат активностите за ставање на функција на Блок 2 кој беше на ремонт и очекуваат да биде приклучен до крајот на неделата. Поранешниот директор на производство во РЕК Битола, Спиро Мавровски вели дека пукната цевка е стандардна проблематика, проблемот е во вториот блок и она што сега се случи со трансформаторот.
-Господ да ни е напомош и за овие два блока да може да ги одржува во зимскиот период. Знаеме дека и ланските зимски месеци работеа повторно со еден блок. Третиот блок ќе го немаме 6 месеци најоптимистичко, се движи до 1 година, значи оној блок кој некој предвидуваше дека ќе носиме јаглен и дека ќе биде главниот производствен капацитет, сето тоа паѓа се во вода. До кога вака – катастрофично, вели Спиро Мавровски, поранешен директор на производство.
За да се стабилизира работата, бара премногу работа, премногу одговорност и луѓе кои ја познаваат проблематиката.
-И почеток, анализа за ова што е моменталната состојба во РЕК Битола, почетокот. До каде ќе се стигне, тоа е големо и сериозно прашање, треба многу работа, тука нема веќе политика. РЕК Битола без трите блока се случувало многу ретко, со ретки исклучоци, и тогаш сме кажувале во тие неколку саати дека тоа е голема хаварија, нормално дека опозицијата е таа што ќе напаѓа, нбо во овој случај, секој кој е во енергетскиот сектор треба да знае дека ова е многу сериозна и критична ситуација, вели Мавровски.
Вели дека 40.000 тони јаглен не можат да бидат залиха.
-40 000 тони на времето се трошеше за два дена, ние сме на почеток на грејна сезона кога на депонија секогаш имало повеќе од 400.000 тона. Со 40.000 ќе бевме сите избркани од работа, вели Мавровски.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
