Маврово дел од кајакарската тура „Да ги зачуваме балканските реки!”
Националниот парк „Маврово“ на 4 и 5 мај годинава ќе биде дел од кајакарската тура „Да ги зачуваме балканските реки!” што почнува денеска од реката Сава во Словенија.
Турата, чија цел е да се подигне свеста за убавината на реките и заканите со кои тие се соочуваат, ја предводи словенечкиот олимписки спортист Рок Розман. Во неа се вклучени кајакари од цела Европа кои треба да поминат низ 16 реки во шест балкански земји. Финишот е на Вјоса во Албанија, на 20 мај.
Како дел од кампањата „Да го зачуваме синото срце на Европа“, кајакарската тура е координирана од меѓународните невладини организации EuroNatur и Riverwatch. Организацијата е во соработка со EuroNatur, Riverwatch, Leeway Collective и WWF Adria, а ја поддржаа Patagonia, Manfred-Hermsen-Stiftung и фондацијата MAVA.
Ново на Сител
-
Прогласена воздушна тревога во Одеса поради закана од ракетен напад
-
Низ патарините лани поминале 62.662.988 возила, ЈПДП со приход од над 66.5 милиони евра
-
Уапсен кичевчанец, пренесувал мигранти од Кина
-
Прва крводарителска акција во 2025 година во Делчево
-
Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
-
Девојче е првото родено бебе во Куманово
-
САД ги разгледуваат правилата за ограничување или забрана на кинеските дронови
-
Македонски државјанин пронајден мртов во Италија