Македонија
5. July 2021 - 19:52

Матурантите добија многу добар 4 на екстерните испити

Многу добар или четворка, е средната оценка која ја оствариле средношколците по екстерните предмети на државната матура кои ги полагаа пред еден месец. Резултатите покажуваат дека и покрај пандемиска година во која најголем дел од децата учеа онлајн,  успехот е подобар за разлика од 2019 години кога просечната оценка била три, вели директорката на Државиот испитен центар Наумовска.

Иако учениците оствариле подобри резултати по македонски јазик, математика и филозофија кои право на ваков избор имаа матурантите од средните уметнички училишта, послаб успех постигнале по  англиски, француски, турски и албански јазик.

Матура полагале околу 15 300 средношколци, а сите оние кои не се задоволни од резултатите, во рок од три дена почнувајќи од денес ќе можат да поднесат приговор до ДИЦ.Поднесувањето на документот чини 1500 денари.