МАТТО домаќин на стопанственици од Косово – бизнис средби за поинтензивна соработка
Стопанската комора на Македонија – Турција (MATTO) денеска ќе биде домаќин на Стопанската комора на Косово – Турција (КТТО) и на Здружението на стопанственици и занаетчии „ЕСНАФ“ од Косово.
Во рамки на бизнис настанот, чија цел е придонес за развој на социо-економските односи меѓу Турција, Македонија и Косово, ќе бидат презентирани економските показатели и можности за инвестирање во Република Македонија и Република Косово, но ќе бидат дискутирани и можностите за поголема меѓусебна соработка во повеќе сектори, како и за зголемување на обемот на трговска размена меѓу двете земји.
Настанот ќе биде заокружен со потпишување протокол за соработка меѓу MATTO, КТТО и „ЕСНАФ“.
Пред присутните, како што е најавено, ќе се обратат министерот за регионален развој на Република Косово, Фикрим Дамка, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, турскиот амбасадор во земјава, Хасан Мехмет Секизкок и амбасадорот на Косово, Приндон Садриу.
Ново на Сител
-
Гвардиола: Ни требаат нови луѓе
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ
-
Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот вo Појасот Газа
-
Последен ден од новогодишната кошница - Ќе се покачат ли цените на основните производи?
-
Дел од Стајковци без вода
-
Според СДСМ барањата на работниците се оправдани