Матис: Пјонгјанг ќе добие воен одговор доколку употреби нуклеарно оружје
Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис ја предупреди денеска Северна Кореја дека ќе добие „воен одговор“ доколку употреби нуклеарно оружје.
Матис, кој се наоѓа во посета на Јужна Кореја, тврди дека дипломатијата и понатаму е „приоритетен курс“, додавајќи дека американските дипломати се „најефикасни кога ги поддржуваат кредибилни воени сили“.
- Не смеете да погрешите - секој напад на САД или американските сојузници ќе биде одбранет. Секоја употреба на нуклеарното оружје од страна на Северна Кореја ќе наиде на голем воен одговор, ефикасен и обемен, нагласи Матис на заедничката прес-конференција со јужнокорејскиот државен секретар Сонг Јанг мо.
Тој не прецизираше на кој тип на нуклеарно оружје мисли кога го спомена воениот одговор, но го повика Пјонгјанг да „нема илузии“, истакнувајќи дека Северна Кореја е „воено надмината“ од страна на САД и Јужна Кореја.
Матис е во посета на Јужна Кореја пред таму да отпатува американскиот претседател Доналд Трамп, во рамки на неговата азиска турнеја која ги вклучува и Јапонија, Кина, Виетнам и Филипини.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети