Матис: ИД и Ал Каеда се однесуваат како рок групи

Терористичката група Исламска држава и екстремистичката мрежа Ал Каеда се однесуваат како рок-групи - се разделуваат, па се собираат, ги менуваат своите имиња, изјави шефот на Пентагон, Џејмс Матис.
Оваа изјава тој ја даде пред комисијата за надворешни работи на Сенатот, во врска со употребата на воена сила на САД во странство.
Сенаторите побараа Матис да им објасни на која основа тој го користи овластувањето на Конгресот од 2001 година за употреба на воена сила. Прашањето доаѓа оттаму што со овој документ му се дозволува на претседателот на САД да води воени дејствија против Ал Каеда без да ги извести пратениците. Членовите на комисијата изразија чудење зошто Пентагон се раководи од даденото овластување при водењето на борбени дејства против ИД, која ги „прекинала сите односи“ со Ал Каеда.
Според Матис, терористите се обидуваат да ги користат американските закони против самите САД.
Тој истакна дека тие се сродни групи. Според него, САД војуваат со групи кои очигледно се водени од истите луѓе, се наоѓаат во ист регион, и имаат слични идеолошки принципи.
Ново на Сител
-

Евтината струја преку ден останува како досега од 13 до 15 часот, ако се продолжи ќе се скрати ноќната
-

Тема на денот со Адем Чучуљ, претседател на ДКСК
-

Пакетот законски измени неопходни за Safe City испратени до Собранието
-

СДСМ со антикорупциски тим на партијата ќе ги открива скандалите на ВМРО- ДПМНЕ
-

Груевски и Заев се скараа преку социјалните мрежи
-

Избори на пролет или во 2028-ма?
-

Радев: Впишувањето на Бугарите во Уставот на Македонија ќе го забрза нејзиниот пат кон ЕУ
-

Раст на економијата од 3,8% во 3 квартал регистрира статистиката
