Матис и Мин Ку се согласија за поставување на противракетен систем
Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис и неговиот јужнокорејски колега Хан Мин Ку се согласија за време на вчерашниот телефонски разговор дека ќе ја зајакнат нивната одбрана против „растечката закана од Северна Кореја“, соопшти Пентагон.
Матис, кој ќе ја посети Јужна Кореја в четврток, и Мин Ку се согласија да продолжат со планот за распоредување на американски противракетен систем, соопшти јужнокорејската војска.
Во соопштението на јужнокорејското Министерство за одбрана се наведува дека двете страни се согласиле да го распоредат противракетниот систем „ТХААД“ во Јужна Кореја во рамите на планот за одбрана од нуклеарните и балистичките капацитети на Северна Кореја.
САД и Јужна Кореја минатата година објавија план за распоредување на системот „ТХААД“, по неколкуте атомски и ракетни проби што ги изврши Северна Кореја.
Кина се спротивстави на системот „ТХААД“ наведувајќи дека тоа ќе ја дестабилизира рамнотежата во регионалната безбедност, што доведе до повик на неколкумина опозициски лидери во Јужна Кореја да се одложи или откаже распоредувањето на тој систем.
Ново на Сител
-
Македонија под снег
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје