Матичните лекари се вклучуваат во дежурства во службата на Итна медицинска помош во Неготино
Со цел да се подобри достапноста на здравствените услуги за граѓаните во општина Неготино, матичните лекари ќе бидат вклучени во дежурствата во службата на Итната медицинска помош при Здравствениот дом, соопшти Министерството за здравство.
Одлуката да се обезбеди 24-часовна здравствена заштита на граѓаните во општината, како што се посочува, била донесена на вчерашната средба на претставници на Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигугрување, Здравствениот дом Неготино и матичните лекари.
Поради недостиг на лекари во Итната медицинска помош, а во согласност со договорените обврски меѓу Здравствен дом Неготино и матичните лекари, тие се обврзани да обезбедат 24-часовна здравствена заштита на населението.
Обезбедување здравствена заштита на населението е врвен приоритет на Министерство за здравство. Договорна обврска на матичните лекари кои имаат склучено договор со ФЗОМ е да учествуваат во системот на дежурства. Токму затоа, за првпат се воведува вклучување на приватните лекари во дежурства во службата на ИМП во Здравствен дом Неготино, а по потреба ќе се шири и во останатите општини каде има недостаток на лекари во ИМП, информираат од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог