„Матица македонска“ ќе го одбележи 25-тиот роденден

Книгоиздавателството „Матица македонска“ вечер од 19 часот во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ свечено ќе одбележи 25 години од своето постоење.
Тоа е централното чествување, иако издавачката куќа четврт векот од основањето пригодно го одбележува од почетокот на годинава, со организирање промоции, средби со писатели и со изложби на познати уметници во центарот „Матица ексклузив“.
„Матица македонска“ е основана на 24 август 1991 година и досега има објавено илјадници наслови од најзначајните македонски писатели, научници и публицисти, во тираж од над пет милиони примероци, пласирани во Македонија и во многу национални библиотеки, славистички центри и специјализирани книжарници во европските и во прекуокеанските земји.
За својата богата дејност „Матица“ е добитник на национални и меѓународни признанија, а во рамките на Клубот Матица денес членуваат повеќе од четириесет илјади читатели.
Ново на Сител
-

Опозицијата бара поевтино гориво
-

Уапсен професор од средното уметничко во Скопје – барал да има полови односи со ученичка
-

Антикорупциска не најде судир на интереси кај Томовски
-

Законот за јавно обвинителство ја помина првата фаза во Собранието со поддршка од 75 пратеници
-

Странските компании го намалуваат бројот на вработени
-

Хегсет: Денес ќе ги изведеме најинтензивните американски напади врз Иран
-

Конференција „Фер игра“: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики
-

Владата засега не гледа потреба за мерки за намалување на цените на бензините
