Матеуш Моравјецки положи заклетва како нов премиер на Полска
Матеуш Моравјецки денеска положи заклетва како нов премиер на Полска, наследувајќи ја Беата Шидло, која во неговата Влада е именувана за заменик премиерка одговорна за социјална политика.
Моравјецки и Шидло практично ги заменија нивните функции.
Минатата недела Шидло поднесе оставка на функцијата под притисок на владејачката конзервативна партија Право и правда (ПИС), која се обидува да го подобри имиџот на Полска во странство и да се подготвни за претстојните избори.
Моравецки (49), кој беше досегашен вицепремиер и министер за финансии треба да ја претставува земјата во спорот со Европската унија, во врска со обвинувањата од Брисел дека со измените на законите за судскиот систем Варшава ги поткопува демократијата и владеењето на правото.
Новиот полски премиер утре ќе ја претстави неговата програма пред Долниот дом на Парламентот, каде треба да му биде изгласана доверба.
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка