Материјалните докази за „Титаник“ на следното рочиште
Специјалното јавно обвинителство на следното рочиште на 19 декември ќе почне со читање на материјалните докази за предметот „Титаник“ во Кривичниот суд, одлучи денеска судечкиот совет предовден од судијата Осман Шабани на рочиштето на кое заврши читањето на СМС пораките.
До следното рочиште одбраната на обвинетите треба да достави список кој материјални докази им се приоритетни за да бидат прочитани, во спротивно ќе се читаат сите.
Пред крајот на рочиштето дел од бранителите на обвинетите искажаа забелешки за автентичноста на СМС пораките и аудиоматеријалите што беа презентирани од страна на СЈО како докази пред судот.
Бранителот Боро Тасески во својот приговор истакна дека поминал долг период од пет до седум години поради што, како што кажа, наводните учесници во разговорите и СМС преписките не можат да паметат дали се сторени со токму таква содржина, а замерка имаше и на „бројот на раце низ кои поминале до нивното предавање во СЈО“. -Сметам дека предлагачот треба да ја докажува нивната автентичност што претходно не го стори во постапката, рече Тасевски.
Бранителот Еленко Миланов посочи дека имаат ангажирано вешто лице да ја утврди автентичноста на доказите и додаде дека откако ќе се изготви вештачењето ќе биде доставено пред судот како дополнителен доказ.
Бранителот Димитар Дангов, пак, потенцира дека аудиоснимките и СМС пораките не се прибавени од СЈО поради што, кажа, е забрането да се употребуваат во оваа кривична постапка, а тоа, додаде, го вели Венецијанската комиисија која е еден вид уставен суд на Европската унија. -Забрането е вакви докази да се користат и на нив да се заснова одлука на суд, прецизра Дангов.
Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ стартува на 1 февруари, Тошковски ги обвини СДСМ и ДУИ дека ги ставиле партиските калкулации над човечките животи
-

Со едукација до свесно родителство | Марија Саздева | Личен Развој | Sitel Podcast 136
-

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ го посети ФК Силекс на подготовките во Анталија
-

Почнаа руско-украинските преговори под покровителство на САД во Абу Даби
-

Во велешката болница било донесено починато шестогодишно дете од Градско
-

Кривична за управител на правно лице, со фалсификување документи го оштетил РЕК Битола за сума од скоро 90.000 евра
-

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени
-

Извршени првите тренажни летови со „Ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување

